На вдовицата на Брајант ќе и бидат исплатени 200 милиони долари за еден од потег на Коби од пред 8 години

од Vladimir Zorba

Ванеса Брајант, вдовицата на еден од најдобрите НБА кошаркари досега, Коби Брајант, ќе земе 200 милиони долари, заради еден потег што нејзиниот починат сопруг го „повлече“ во 2012 година.

Имено, Брајант тогаш вложи пет милиони долари во спортскиот пијалок „BodyArmor“ и со тоа доби удел во компанијата, што забележа неверојатен раст.

Поради оваа причина, Ванеса ќе добие неверојатна сума пари.

– Изгубив близок пријател. Изгубив брат, а „BodyArmor“ го загуби својот основач. Марката не би била на оваа позиција доколку Коби не веруваше во овој проект. Неговите „отпечатоци“ се насекаде – рече Мајк Реполе, основачот на компанијата, која сега вреди околу две милијарди долари.

Ванеса неодамна поднесе тужба барајќи надомест за менталната болка што ја претрпе затоа што осум полицајци во Лос Анџелес се фотографираа на местото на несреќата и им ги покажаа на неовластените лица.

Потсетуваме, Брајант и неговата ќерка Џана загинаа во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари.

Слични содржини