На вдовицата на Шон Конери и се заканува затвор за тешка измама

од Vladimir Zorba

Смртта на актерот Шон Конери не фрли сенка врз даночната измама на неговата сопруга Мишелин. Таа, од друга страна, негира каква било вмешаност во „тешката“ измама од 21 милион фунти во врска со продажбата на куќата во Марбеља, пишува британски „Сан“.

Шпанските власти предупредија дека имаат намера да ја известат Мишелин за обвинението за да може да се одржи судењето, а обвинителите посочија на „недостаток на соработка“ со властите на Бахамите.

На Конери, кој беше во брак со неа 45 години, во 2014 година му беше кажано дека нема да мора да се соочи со тужба за продажба на нивната куќа во 1999 година. Имено, нивната куќа е срушена и со измама се изградени дури 70 станови и покрај урбанистичките правила кои велат дека можат да се градат само пет.

Адвокатите на актерот, градоначалникот на Марбеља и шест советници завршија во притвор поради измама. Судијата заклучи дека на Мишелин, родена во Франција, треба да и се суди и дека и се заканува затворска казна, како и голема парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночна измама.

Вдовицата на Шон Конери обвинувањата ги нарече „глупост“.

Слични содржини