На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е грижа за препораките од УНЕСКО, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Од СДСМ обвинуваат дека големата грижа на ВМРО-ДПМНЕ за Охридското езеро, за статусот во УНЕСКО како заштитено природно и културно наследство, критиките, само месец дена по изборите ја пуштија низ вода и почнаа постапка за повторно издавање на плажите под концесии.

-Градоначалникот на Охрид заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро. Тој само продолжува каде што ВМРО-ДПМНЕ застана пред четири години во уништувањето на македонскиот бисер, ним воопшто не им е грижа за препораките од УНЕСКО, ниту за Планот за управување со светското природно и културно наследство, реагираат од владеачката партија.

Ова следува по најавата на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за уредувањето на плажите на Охридското Езеро и нивно повторно издавање под концесии.

Според него сите објекти и урбана опрема на плажите каде изминатиот период беше интервенирано за нивно отстранување, биле изградени со проекти прифатени од Министерството за транспорт и врски, со забелешка дека тоа не се дивоградби.

– Тоа не се дивоградби, туку неспособност на Локалната самоуправа да го реши проблемот и да го утврди начинот на концесионирање и за тоа како треба да изгледаат. Не станува збор за дивоградби, туку за проекти врз основа на кои плажите беа издадени под концесии. Проблемот е во тоа што претходната локална самоуправа и централната власт од 2017 година наваму не најдоа за сходно да ги решат концесиите, рече Пецаков.

Слични содржини