На вработените во Tesla не им било дозволувано да бележат поплаки од клиентите?

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Илјадници документи, протечени во германските весници, покажуваат дека Tesla имплементирал политика која го обесхрабрува создавањето на писмена евиденција за жалбите на клиентите поврзани со забрзување, сопирање и несреќи.

Според „Handelsblatt“, тие добиле околу 100 гигабајти податоци од свиркач на Tesla во форма на најмалку 23.000 датотеки, вклучувајќи PDF, табеларни пресметки и е-пошта.

Протекувањето вклучува податоци за вработените и клиентите, како и илјадници поплаки за самозабрзувачки автомобили, извештаи за судари и наводи за ненадејно сопирање предизвикано од погрешни предупредувања за судир.

Исто така, објавените податоци наводно укажуваат дека вработените во Tesla комуницирале само вербално за поплаките на клиентите, со упатства да не оставаат поплаки во е-пошта или говорна пошта.

– Никогаш не праќаа мејл, се беше вербално – изјавил еден извор за Handelsblatt.
Инаку, тој го пријавил инцидентот пред две години, тврдејќи дека неговиот автомобил сам забрзал и удрил во бандера.

Повеќето од поплаките, кои се случиле од 2015 до 2022 година, вклучуваа инциденти на американско тло, а некои доаѓаат од Европа и Азија.

Компанијата не одговори веднаш на барањето на „Инсајдер“ за коментар.

Од друга страна, тие, наводно, побарале од новинската агенција да ги избрише „украдените“ податоци во нивниот одговор до „Handelsblatt“, заканувајќи се со правна постапка против нив и еден поранешен вработен кој го сметаат за одговорен за оддавање информации.

Федералните регулатори со години ги истражуваат проблемите со системот за автономно возење на Tesla и несреќите предизвикани од други технички дефекти низ Америка.

Производителот на автомобили, исто така, повлече и издаде софтверски ажурирања за милиони автомобили и камиони по пријавените инциденти.

Слични содржини