Начевски: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста, не е точно дека за „Дрисла“ ќе се купуваат три џипа

од Vladimir Zorba

Фото: Борче Поповски

„Не е точно дека за јавното претпријатие „Дрисла“ ќе се купуваат три џипа, вели Коста Начевски директорот на депонијата по соопштението кое го лиферуваше во јавноста советничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Според првиот човек на ЈП Дрисла со ваквиот настап на опозиционерите само се замајува јавноста, а вистината и потребата на депонијата е сосема поинаква.

-Ќе бидат купени класични теренски возила и тоа исклучиво за потребите на депонијата која се протега на 80 хектари површина. Станува збор за исклучително тежок терен за контрола. Затоа се неопходни овие класични теренски возила. Едно ќе и им биде ставено на располагање на вработените во лабораторијата за испитување на водите. Локацијата каде се третираат депониските отпадни води е оддалечена два километри од административната зграда, а до таму се стигнува по исклучително лош земјен пат. Другото возило ќе биде наменето за обезбедувањето, а евентуално трето набавеното теренско возило ќе се користи кога доаѓаат гости во контрола на депонијата, како Градот Скопје, Европската унија, Државниот инспекторат за животна средина… а, вели Начевски.

Слични содржини