Над 10.100 активни случаи со Ковид-19 во Скопје

од Nikola Popovski

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, а бројот на активни случаи изнесува 20881.

Од почетокот на пандемијата во Скопје се регистрирани 25228 заразени со коронавирус, а активни се 10130 случаи.

Бројките на активни случаи по општините во Скопје денеска е: (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата)

• Чаир – 639

• Гази Баба – 1490

• Аеродром -1474

• Карпош – 1186

• Центар – 1173

• Кисела Вода – 1245

• Ѓорче Петров – 874

• Бутел – 584

• Шуто Оризари – 206

• Студеничани – 52

• Сарај – 160

• Арачиново -31

• Илинден – 251

• Сопиште – 66

• Чучер Сандево – 99

• Петровец –128

• Зелениково -83

• Странец – 175

• Нераспределен- 214.

Слични содржини