Над 130 Авганистанци од Германија доброволно се вратиле во татковината

од Vladimir Zorba

На 135 Авганистанци им се одбиени молбите за азил во Германија и тие денеска доброволно се вратија во татковината, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

14MIGRANTS-articleLarge

Во соопштението се истакнува дека тие доброволно ја напуштиле Германија поради недостиг на перспектива за нив во Европа, пренесува БТА.

Меѓу вратените Авганистанци, 107 се мажи, 18 жени и 10 деца, ИОМ не прецизира при какви услови Авганистанците се вратени во татковината и колку време биле во Германија.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер истакна дека враќањето на мигрантите е важно за обновата на Авганистан.

Владата во Берлин се надева дека денешното враќање ќе ги откаже поголемиот број Авганистанци од намерата да доаѓаат во Германија.

Авганистанците се втора најголема група меѓу над еден милион кандидати за азил кои во 2015 година пристагнале во Германија. Нивниот број е над 150.000 лица.

Минатата година 309 Авганистанци се вратиле во татковината откако им биле одбиени молбите за азил во Германија.

loading...

Слични содржини