Над 1600 членови на АА го предложија Села за старо-нов претседател, велат од партијата

од Nikola Popovski

Над 1600 членови на Алијансата за Албанците со свој потпис го предложија Зиадин Села за претседател на партијата.

Од партијата потсетуваат дека според Статутот, кандидат може да се предложи со најмалку 400 потписи и најдоцна две недели пред одржувањето на Конгресот.

– Согласно оваа статутарна одредба до завршување на рокот до кандидатската комисија е доставен само еден предлог. Над 1600 членови на Алијансата за Албанците со свој потпис го предложија Зиадин Села за претседател на Алијансата за Албанците, соопштија од партијата.

Рокот за поднесување кандидатури за претседател на партијата заврши на 13 март во 24 часот. Изборот за претседател на Алијанса за Албанците ќе биде на Вториот конгрес што ќе се одржи на 27 март.

Комисијата вчера ги верификувала членовите потпишани во оваа иницијатива, кои се од сите ограноци, од Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и од руралните општини.

– Членовите кои го дале својот потпис се валидни и овој предлог ќе биде проследен до Конгресот на гласање од делегатите, се вели во соопштението.

Слични содржини