Над 172.000 новозаразени од Ковид-19 ширум светот

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 172.000 луѓе се разболеле од коронавирусот ширум светот, така што вкупниот број на заразени со Ковид-19 надмина 11,5 милиони, објави Светската здравствена организација.


За 24 часа починале 3.419 луѓе, така што вкупниот број на жртви на пандемијата во светот е 535.759, пренесува ТАСС.

Најголем број потврдени случаи се уште има во Јужна и Северна Америка – 5,9 милиони, каде досега починале 266.736. Во Европа, потврдени се 2,8 милиони случаи, а повеќе од 200.000 починале.

Во источниот медитерански регион регистрирани се 1,18 милиони случаи и 28.000 смртни случаи.

Најголем број пациенти имаат САД, Бразил, Индија, Русија, Перу, Чиле, Велика Британија, Мексико, Шпанија и Иран.

Слични содржини