Над 301.600 лица заразени со коронавирус – Статистики во светот до 20 часот

од Aleksandar Todeski

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 301.627 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 12.955, а оздравеле 94.625 лица.

– Во Франција за еден ден регистрирани нови 1847 случаи на Ковид-19 и нови 112 смртни случаи. Француските медиуми соопштуваат дека 50 отсто од вкупно 1525 пациенти на Одделите за Интензивна нега се на возраст под 60 години.

– На Кипар денеска се регистрирани нови девет позитивни случаи, меѓу кои и еден здравствен работник и четири лица кои се вратиле од Велика Британија, Полска и Шпанија. Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 достигна до 84.

– Во Италија за еден ден нови 6557 заразени, вкупно 53.578. Во последните 24 часа во таа земја починаа 793, со што смртниот биланс од Ковид-19 се искачи на 4825.

– Нови 3430 заразени во САД, со што вкупната бројка се искачи на 22813 лица.

– Од утре забранет влез за странски државјани во Виетнам.

– Мар а лаго, луксузниот ресорт на Доналд Трамп затворен поради коронавирусот.

– Египет нареди затворање на сите џамии на две недели.

– Швајцарија денеска соопшти за вкупно 6100 заразени со коронавирус.

– Прв смртен случај во Финска поради коронавирус. Бројот на заразените е 521.

– За помалку од 72 часа, 200 хрватски војници пред загрепската Клиничка болница Дубрава поставија самоодржлив експедициски камп за прифаќање на пациенти заболени од Ковид-19, а станува збор за 25 шатори со капацитет од 220 кревети.

– Европската комисија го одобри планот на Франција за доделување 300 милијарди евра заем, кој банките ќе го доделуваат на претпријатијата погодени од пандемијата на коронавирус.

– Од утре во Боливија стапува во сила целосен карантин во обид за справување со епидемијата на коронавирус, соопшти привремениот претседател на земјата Жанин Анес. Според него, луѓето ќе треба да останат во своите домови 24 часа.

Слични содржини