Над 330.000 Грци се иселиле од државата поради финансиската криза

од desk3

Германија, Велика Британија, Кипар и Австралија се местата кои ги одбрале илјадниците Грци кои се иселиле од државата во екот на финансиската криза. Според податоците на Генералниот секретаријат за Грците од дијаспората на грчкото Министерство за надворешни работи, околу 330.000 грчки државјани се иселиле од земјата во периодот од 2010 до 2015 година барајќи подобри услови за живот.

2015-01-07_greece-euro_605

Бројката е значително помала од онаа на грчката Народна банка, според која последните пет години од државата заминале 427.000 луѓе. Меѓутоа, како што се објаснува во извештајот на Секретаријатот на грчкото МНР бројките доаѓаат само од Грците кои се регистрирале во грчките дипломатски претставништва во странство, процедура која не е обврзувачка, поради што не е исклучено бројката да е поголема.

Најголем број од Грците кои ја напуштиле државата поради кризата заминале во Германија, околу 157.000 во периодот од 2010-2015. Најголем број од нив, над 100.000 се на возраст од 25 до 50 години, околу 21.000 се малолетници под 18 години, 19.000 се на возраст од 18 до 25 години, а над 13.000 се на возраст од 50 до 65 години.

Во Британија речиси 52.000 Грци добиле даночен број кој е неопходен за вработување во државата. Нешто повеќе од половина од таа бројка се на возраст од 18 до 44 години, а останатите се на возраст од 45 до 59 години.

Кипар, кој на почетокот на грчката криза сè уште нудеше добри можности за работа и за заработка, беше поволна опција поради сличностите во јазикот и е дом на речиси 32.000 Грци кои се стекнале со официјална дозвола за работа.

 

МЕТА

Слични содржини