Над 34 милијарди литри пиво произведени лани во ЕУ

од Vladimir Zorba

Минатата година, над 34 милијарди литри пиво се произведени во Европската унија, покажуваат податоците на Eurostat. Според ова, производството е еквивалентно на околу 77 литри по глава жител.

Во рамки на Унијата, лани се произведени 1,4 милијарди литри пиво со помалку од 0,5% или без алкохол.

Меѓу земјите членките на ЕУ, најголем производител на пиво е Германија со осум милијарди литри или 23% удел во вкупното производство во рамки на Унијата. По нејзе следуваат: Полска и Шпанија (со по 3,9 милијарди литри), Холандија (2,5 милијарди литри), Белгија (2,4 милијарди литри), Франција (две милијарди литри) и Чешка (1,9 милијарди литри пиво).

Кога станува збор за извозот, Холандија е на врвот на оваа листа со 1,9 милијарди литри пиво во 2019 година. По нејзе следуваат: Белгија (1,7 милијарди литри), Германија (1,6 милијарди литри), Чешка, Франција и Ирска (по 500 милиони литри пиво).

Најголем дел од извозот надвор од земјите членки на ЕУ беа: САД (911 милиони литри), Велика Британија (825 милиони литри), Кина (364 милиони литри), Русија (258 милиони литри), Канада (193 милиони литри пиво)…

Иако увозот на пиво во ЕУ е на минимално ниво, најголем дел од увозното пиво доаѓа од Велика Британија (278 милиони литри), Мексико (125 милиони литри) и Србија (61 милион литри).

Слични содржини