Над 370,000 луѓе се заразени со коронавирус во Африка

од Vladimir Zorba

Бројот на заболени од коронавирус во Африка достигна нов максимум со повеќе од 371,000, вклучувајќи и 9.484 смртни случаи, соопштија од Центрите за контрола и превенција на болести.

Во Јужна Африка, каде се наоѓаат над една третина од случаите на целиот континент, во неделата се пријавени 7.210 нови случаи, што е најголемото дневно зголемување досега.

Министерот за здравство, Мкхизе, рече дека Јужна Африка сега има 131.800 потврдени случаи, вклучувајќи и 2.413 смртни случаи со стапка на смртност од 1,8 проценти.

Во провинцијата Западен Кејп, вклучително и Кејп Таун, има повеќе од 45% од вкупниот број заразени.

Во провинцијата Гаутенг, вклучително и најголемиот град во државата Јоханесбург и главниот град Преторија, вирусот ескалира и сега бројот на пациенти во тој регион прави 26 проценти од вкупно регистрираните случаи во земјата, додека 18 проценти е во провинцијата Источен Кејп.

Слични содржини