Над 4 милиони евра казни за непочитување на мерките против коронавирусот во Грција

од Vladimir Zorba

Поради прекршувања на мерките воведени за спречување на ширењето на епидемијата од коронавирус во Грција, а врз основа на казни, во буџетот на земјата ќе влезат повеќе од четири милиони евра.

Вкупниот износ на финансиски казни во периодот од 23 март до 3 април е 4,253,700 евра за прекршување на одредбите за сообраќајни забрани или затворање на продавниците во рамките на мерките за борба против епидемијата.

„Мерките се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните, а не нивно казнување“, изјави портпаролката на грчката полиција Јона Рочику за АНА.

Во последните 10 дена откако е на сила забраната за несуштинско движење, мерката е прекршена 17,358 пати, за што е изречена казна од 150 евра, така што вкупната сума врз основа на пријавите достигнала 2.603.700 евра. Повеќето прекршувања се случиле во Атика, Солун, Јонските острови и западниот дел на Грција.

Кога станува збор за кршење на забраната за продавници, напишани се 330 казни со по 5.000 евра, така што вкупната сума на овие казни достигна 1.650.000 евра.

Значителен дел од овие пари ќе бидат потрошени за зајакнување на грчкиот национален систем.

Слични содржини