Над 6 милиони активни случаи ширум светот

од Vladimir Zorba

Во светот во моментов има 6.071.596 лица заразени со коронавирусот, а досега се евидентирани вкупно 18.450.837 случаи на заразени, покажува статистичкиот портал „Worldmeter“.

Вирусот го „победиле“ 11.681.960 лица, додека 697.281 случаи завршиле со смртни последици.

Податоците се до 9:00 часот.

Светската здравствена организација предупреди дека податоците за бројот на заболени лица не се точни затоа што не сите земји испраќаат ажурирани списоци.

Меѓу активните случаи, 99 проценти имаат благи или умерени симптоми, т.е. пациентите не се животно загрозени.

Најмногу случаи се регистрирани во САД, а потоа следат Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Перу, Шпанија и Чиле.

Слични содржини