Над 700 илјади Украинци побегнале од војната во Германија

од Vladimir Zorba

Повеќе од 700.000 луѓе кои побегнале од војната во Украина дошле во Германија, објави денеска германскиот весник „Велтам Зонтаг“, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Од почетокот на војната во Украина до 11 мај, во Германија во германскиот Централен регистар за странци (AZR) биле регистрирани 727.205 лица, меѓу кои 93 отсто се лица со украинско државјанство, објави Ројтерс, цитирајќи го „Велт“.

Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина надмина шест милиони, што е најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна, објави во четвртокот Агенцијата за бегалци на ОН.

Слични содржини