Над 700 луѓе уапсени во Турција: Масовна рација по ликвидацијата на 13. турски заробеници во Ирак

Турската полиција уапси повеќе од 700 лица, вклучително и членови на прокурдската политичка партија, во операциите против милицијата ПКК по убиството на 13 турски затвореници во северен Ирак, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција.

Турската влада во неделата објави дека борците од забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) погубиле припадници на полицијата и армијата, објави Ројтерс.

Денес беа приведени 718 лица од 40 провинции низ целата земја, вклучително и провинциски и окружни претставници на прокурдската опозициска Народна демократска партија (ХДП), трета по големина во парламентот, соопшти Министерството. Опозициските партии ја обвинија владата дека постапува премногу бавно во напорите за ослободување на затворениците.

Слични содржини