Над 80.000 граѓани биле позитивни на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Според последниот извештај, од почетокот на пандемијата во Скопје имало 34919 позитивни, од кои активни се 11553 случаи.

Во последните 24 часа во главниот град биле регистрирани 230 новозаразени, 349 оздравеле, а 9-мина се починати.

Слични содржини