Над 80 осто од граѓаните се задоволни од работата на министерот Филипче

од Vladimir Zorba

Над 80 осто од граѓаните се задоволни од работата на Министерот за здравство Венко Филипче во однос на кризата со коронавирусот. Вакви податоци дава најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Истражувањето на јавното мислење за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година.

Според него, 82% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на Филипче, додека само 11% велат дека не се задоволни. 79,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во целост кога станува збор за борбата со епидемијата на коронавирусот. 14% од граѓаните пак велат дека не се задоволни од тоа како работат надлежните.

Слични содржини