Над 800 казни за неносење маска

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 14315 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 845 прекршоци во изминатото деноноќие.

Полициски час

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 571 контроли во објекти при што евидентирани се 2 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 217 лица им се издадени решенија за изолација, а 63 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 3 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Слични содржини