Над милион Кинези живеат под земја: Тунели изградени за време на Студената војна и денес се спас за некои

од Vladimir Zorba

Над милион луѓе живеат во подземни тунели во Кина 50 години откако биле изградени како засолништа за време на Студената војна. Работниците со ниски приходи сега го окупираат овој простор, кој опфаќа скоро 50 квадратни километри, пишува Дејли Мејл.

Изградбата на подземниот град наречен „Зандана“ започна во 1969 година, кога заканата од нуклеарна војна беше на својот врв.

Таа година, лидерот на кинеската комунистичка партија, Мао Це-тунг, им нареди на граѓаните „да копаат тунели, да складираат храна и да се подготват за војна“.

Изградени се 10.000 бункери, а кога нуклеарната закана не се оствари, работниците и студентите продолжија да живеат во нив.

Условите за живеење во бункерот се основни, со многу мувла и застоен воздух поради недостаток на вентилација.

Иако има електрична енергија, водоснабдување и канализација, тој е далеку од кој било луксуз. Оние кои живеат во бункерите често делат спални соби, спијат во кревети, а кујните и бањите се преполни и валкани.

Животот во овие подземни бункери е практично нелегален, со оглед на законот на властите во Пекинг од 2010 година, откако се поставени прашања за безбедноста.

Сепак, многумина продолжуваат да ја населуваат оваа област, а зголемувањето на цената на киријата ги принудува многу работници кои не работат во нивниот град да живеат во овие тунели.

– Добро сум овде затоа што се плашам од сиромаштија. Многу од моите колеги живеат над земјата, но мислам дека е премногу удобно, ова место ме тера да работам посилно – рече Цеи Куан, кој живее во подземен стан за „Ал Џeзира“.

Слични содржини