Над 2,5 милиони луѓе се заразени со коронавирус во Европа

од Vladimir Zorba

Фото: Борче Поповски

Во Европа се пријавени повеќе од 2,5 милиони случаи на коронавирус, од кои повеќе од половина се пријавени во Русија, Велика Британија, Шпанија и Италија.

Во Европа, вкупно 2.500.091 луѓе биле заразени со коронавирус, а починале 192.158 лица. Русија е европска земја со најголем број случаи – 576.952 и 8,002 жртви од вирусот.

Европа се уште е најпогодениот континент од пандемијата „Ковид-19“, иако вирусот неодамна се рашири многу брзо во земјите од Латинска Америка, пренесува Хина.

Во светот се регистрирани 8.680.649 случаи на заразени, а 459.976 лица починале како резултат на заболување од Ковид-19.

Слични содржини