Надал: 21 Гренд слем титула нема да биде доволна за рекорд на сите времиња

од Vladimir Zorba

Шампионот на Австралија опен, Рафаел Надал е искушуван од идејата да ја заврши кариерата со повеќе Гренд слем титули од ривалите Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, но верува дека ќе мора да освои повеќе трофеи за да постави рекорд на сите времиња.

Надал победи во спектакуларното финале против Даниил Медведев во Мелбурн и ја освои рекордната 21. титула на „слем“ турнирите. Зад него се веќе Федерер и Ѓоковиќ со по 20 Гренд слема.

„Немам поим со колку Гренд слем титули ќе ја завршам кариерата. Сакам да имам најмногу од нас тројцата, но тоа не е фиксна идеја. Веројатно 21 нема да биде доволно, но никој не знае што ќе се случи во иднина“, изјави Надал за новинарите во неговата академија во Мајорка.

Шпанецот призна дека се уште игра со болки поради повредата на стапалото која го извади од игра во поголемиот дел од минатата година.

„Титулата на Австралија опен ќе ми даде нова сила да одам напред. Повторно уживам во тенисот на највисоко ниво, што беше тешко да се замисли пред само неколку недели“, изјави Надал.

Слични содржини