Надал е неуништлив: По епска борба го победи Медведев и го освои Австралија Опен!

од Nikola Popovski

Рафаел Надал го освои Австралија опен откако во големото финале го победи Данил Медведев, по голем пресврт и пет часа борба со 2: 6, 6: 7 (5), 6: 4, 6: 4, 7: 5.

Шпанскиот тенисер направи еден од најголемите пресврти во поновата историја и го освои 21. Грен слем во кариерата и сега има еден повеќе од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Медведев ја пропушти шансата да стигне до вториот слем во кариерата, но и до првото место на АТП листата, што значи дека Ѓоковиќ и во февруари ќе биде на врвот на светскиот поредок.

Со освојувањето на Австралија опен, по втор пат во кариерата, Надал стана само четвртиот тенисер во историјата кој освоил две или повеќе титули на сите четири Грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен).

На турнирот во Мелбурн не учествуваа Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини