Надал играше против 97-годишен тенисер и го оствари неговиот животен сон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал го оствари сонот на најстариот тенисер во светот, кој има 97 години и е дел од Гинисовата книга на рекорди.

Леонид Станиславски на „Академијата Рафа Надал“ играше против Шпанецот со што го исполни неговиот голем животен сон.

Инаку, искусниот Украинец го држи рекордот како најстар професионален играч според рангирањето на ИТФ.

Тој рече дека неговата животна желба била да размени неколку удари со „кралот на земја“.

Никогаш не е доцна, а тоа го потврдуваат и симпатичните снимки од теренот.

Инаку, Леонид се наоѓа на 194. место на ИТФ листата на тенисери над 85 години.

На листата на над 90 години неговиот рекорд е 31. место.

Во 2021 година забележа победа и три порази.

Слични содржини