Надал има тажна вест

од Stefanija Kuzmanovska

По Акапулко, Рафаел Надал го откажа учеството на уште еден турнир – Мастерсот во Мајами.

Причината е повредата на грбот која го мачи Шпанецот уште од Австралија опен.

„Бикот од Мајорка“ сака подобро да се подготви за сезоната.

„Тажен сум што објавувам дека нема да играм во Мајами, градот кој го сакам. Морам целосно да се опоравам и да се подготвам за сезоната во Европа“, напиша Надал на Твитер.

Мастерсот во Мајами е на програмата од 24 март до 4 април.

Минатата сезона турнирот не се одржа поради пандемијата на коронавирус.

Најголемиот успех на Надал во ова натпреварување беа финалињата во 2005, 2008, 2011, 2014 и 2017 година.

Слични содржини