Надал ја оствари победата бр.400 на „Мастерс“ турнирите

од Vladimir Zorba

Шпанецот Рафаел Надал ја продолжува добрата серија оваа сезона и се уште е непоразен оваа година, а на „Мастерсот“ во Индијан Велс го победи Британецот Даниел Еванс со 7-5, 6-3 во третото коло.

Надал е прв фаворит на турнирот по поразите на првиот и петтиот носител – Данил Медведев и Стефанос Циципас, а 35-годишниот Шпанец оваа година игра како препороден, победувајќи ги сите 17 меча, вклучувајќи и против Медведев на Австралија Опен за рекордна 21. Гренд слем титула и победа над Британецот Камерон Нори за титула во Акапулко.

Овој пат стигна до рекордната 400-та победа на „Мастерс“ турнирите, откако првата ја постигна пред 19 години во Монте Карло.

– Ова е важна победа за мене бидејќи почетокот беше тежок. Противникот беше немилосрден и игравме во многу ветровити услови. Не беше лесно, но во клучните моменти успеав да дојдам до некои важни поени – изјави Надал, кој заостануваше со 1-3 и 2-4 во првиот сет.

Надал во следната рунда ќе се соочи со 17-от носител, Американецот Рајли Опелка.

Слични содржини