Надал ја освои 12-тата титула во Барселона

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал ја прекина одличната серија на Стефанос Циципас и го победи Гркот во финалето на турнирот од серија 500 во Барселона со 6:4, 6:7 (6:8), 7:5. За Шпанецот ова е 12-та титула во Барселона.

Надал победи во спектакуларно финале по три часа и 40 минути и голема борба.
Сега ќе има 9.990 бодови, 1.883 помалку од водечкиот Новак Ѓоковиќ, и се враќа на второто место официјално во понеделник, кога ќе се ажурира АТП-листата.

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе падне на третото место.

Слични содржини