Надал ќе мора да се оперира, боледува од редок синдром

од Nikola Popovski

Рафаел Надал, шпански тенисер, боледува од реткиот синдром Милер-Вајс. Експертите предупредија дека е тешко да се игра професионален спорт со овој синдром, но Надал се врати и ги демантираше тврдењата со грен слем титулата.

Успехот на Надал на Австралија опен е уште поважен ако се земе предвид дека тој штотуку се врати на теренот по опоравувањето.

Шпанскиот тенисер повеќе од 15 години се бори со синдромот Милер-Вајс, но и покрај тоа успеа да освои 21 Грен слем.

Тони Надал, чичкото на поранешниот број еден, откри дека лекарите биле на мислење дека Рафа нема да може да биде професионалец.

„Специјалистот кој го прегледа во 2005 година ни кажа дека ќе му биде тешко да спортува на највисоко ниво, но Рафа тоа го демантираше на најдобар можен начин, бидејќи добро се снајде во таа тешка ситуација“, објасни Надал.

Операцијата во одреден момент ќе биде незаменлив дел од опоравувањето, но Тони тврди дека Рафаел тоа ќе го направи дури откако ќе престане да игра тенис.

„По тоа решение ќе посегне кога ќе ја заврши кариерата, а не додека игра. Операцијата е таква што потоа не би можел да игра на највисоко ниво, па сега тоа не може“, објасни чичкото на Рафаел Надал.

Мислењето на Надал го потврди Гилберт Версије, експерт по ортопедија.

„Тоа е таква процедура што пациентот може да оди после тоа, но не би можел да трча. Затоа ваквите операции ги одложуваме и ги применуваме само на оние кои имаат силни болки и не можат нормално да одат. Тоа не е случај со Надал“, заклучи експертот.

Слични содржини