Надал: Мојата игра не е совршена, но е подобра отколку што очекував

од Vladimir Zorba

Шпанецот Рафаел Надал, кој во средата ја забележа својата 300-та победа на Гренд слем турнирите, по неговиот успех над Французинот Корентин Муте изјави дека се претставувал подобро отколку што очекувал на Ролан Гарос.

35-годишниот Надал, 13-кратен шампион во Париз, имаше физички проблеми во последните недели и го пропушти поголемиот дел од сезоната на земја. Учествуваше на само два турнири, не освоил ниту еден од нив.

„Не би можел да се обидам да одам далеку на турнир ако имам грижи за физичката подготвеност секој ден“, рече тој по победата над Муте со 6:3, 6:1, 6:4 во второто коло на Отвореното првенство на Франција.

„Ако нешто се случи со моето тело, ќе го прифатам. Но, засега сум целосно фокусиран на тенисот. Мојата подготовка за Ролан Гарос не беше совршена, па не очекував совршен почеток на турнирот. Но, засега сè оди на добро. Позитивен сум по ова што го направив денеска (вчера). Секако дека има простор за напредок и ќе морам да го сторам тоа доколку сакам да имам шанса да продолжам во завршната фаза на турнирот“, додаде Надал.

Во следното коло Шпанецот ќе игра со Холанѓанецот Ботик ван де Зандсхулп.

Слични содржини