Надал: Не можам постојано да размислувам за Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори по неуспехот на Мастерсот во Рим.

„Бикот од Мајорка“ беше запрен во четвртфиналето од Диего Шварцман, кој на крајот стигна до титулата вицешампион.

Како и секогаш, новинарите биле заинтересирани за позицијата на Надал во трката за епитетот „најдобар“ со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

„Кога ќе ме прашате за рекордот на Роџер Федерер, јас секогаш го велам истото. Јас ја направив целата моја кариера на свој начин и ќе продолжам да го правам тоа. Не сум опседнат со тие 20 грен слема. Не можам секогаш да размислувам за Роџер или Новак и за нашата трка. Знам дека новинарите посветуваат многу внимание на тоа“, рекол Надал и додал:

„Би сакал да ја завршам кариерата со 25 грен слема, но тоа веројатно нема да се случи. Ќе се борам, но исто така ќе видиме кога ќе ја завршам кариерата. Сакам да продолжам да уживам во тенисот, тоа е сè. Ако играм на високо ниво, сум главен кандидат за освојување“.

Надал го коментирал и турнирот во Рим.

„Ова е посебна и непредвидлива година. Во Рим направив некои работи добро, некои лошо. Тоа е тоа. Се борев до крај. Но, кога ќе изгубите толку многу сервиси, не можете да очекувате да добиете натпревар. Имам што да поправам и знам како да го сторам тоа. Ќе продолжам да работам и тренирам со вистински став и ќе се обидам да се подготвам“, завршил Надал.

Надал ќе се обиде да дојде до 13-та титула во Париз на претстојниот Ролан Гарос, и вкупно 20-от Грен слем.

Слични содржини