Надал: Не можев да дишам

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал не успеа да влезе во сезоната на земја со перфектен скор. По титулите во Мелбурн, Австралија Опен и Акапулко, Шпанецот беше неочекувано поразен во финалето на турнир од „Мастерс“ серијата од Американецот Тејлор Фриц со 6:3, 7:6 (7:5).

„Искрено сакав да ја завршам оваа сезона со победа во Индијан Велс. Сите знаат дека ова е еден од моите омилени турнири на тврда подлога. Жал ми е што не можев да дадам максимум поради повредата. Тоа искрено најмногу ме боли“, истакна Надал.

Шпанецот имаше одредени потешкотии и во полуфиналето против неговиот сонародник Алкараз, а во финалето двапати побара помош од физиотерапевт.

„Имав проблеми со дишењето. Не знам точно што е. Кога се движев, се чувствував како да имам грутка во грлото. Исто така чувствував болка во моите ребра. Сето тоа целосно ме спречи. Многу повеќе ме загрижува овој проблем отколку поразот, кој веднаш го прифатив“, вели Шпанецот кој се проби на третото место на АТП листата.

Тој му честиташе и на Фриц, кој го постигна најголемиот успех во кариерата.

„Браво за Тејлор. Ја заслужи титулата. Дадов се од себе во овие две недели, жал ми е што не победив на крајот“, изјави Надал.

Сопственикот на 21. Гренд слем титула сега се упатува кон сезоната на земјена подлога, откако претходно најави дека ќе го прескокне турнирот во Мајами, кој никогаш не го освоил во кариерата.

Слични содржини