Надал: Не верувам во новата нормалност

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е среќен што повторно се врати на теренот. Тој е свесен дека сè уште не е како што било, но исто така се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

„Ние конечно можеме да се вратиме на теренот. Среќен сум што повторно сум на мојот терен и децата можат повторно да играат. Тие се воодушевени и тоа е најважното нешто. Замислувам полни стадиони. Ми се допаѓа да ги гледам така. Треба да бидеме трпеливи и да најдеме лек, Но, јас не верувам во нова нормалност. Ние сакаме да видиме како луѓе се гушкаат, комуницираат, тоа треба да се врати. Не можеме да го задржиме растојанието засекогаш“, рече Надал.

Надал уште еднаш го коментираше фондот формиран да им помогне на пониско рангираните играчи, чиј главен иницијатор беше Новак Ѓоковиќ.

„Воведени се различни мерки, од кои едната е да се финансираат стоте најдобро рангирани тенисери, да се донираат пари за да им се помогне на другите. На овој начин, генерално му се помага на тенисот, не само на играчите. Во вакви тешки времиња, мора да размислиме за оние што се во полоша позиција од нас“, истакна Надал.

Тениската сезона е официјално прекината до крајот на јули.

Слични содржини