Надал: Не видов многу од мечот на Ѓоковиќ, играв „Не лути се, човече“

од Stefanija Kuzmanovska

На прес-конференција во Париз, Рафаел Надал рече дека не успеал да го гледа драматичниот натпревар помеѓу Лоренцо Музети и Новак Ѓоковиќ.

Шпанскиот ас гледал само дел од тој натпревар од осминафиналето, додека останатиот не можел поради играта „Не лути се, човече“.

Србинот се пласираше понатаму откако 19-годишниот Италијанец се предаде кога се најде во безизлезна ситуација, а нешто подоцна Надал се пласираше во следната рунда, победувајќи го Јаник Синер.

– Не можев да видам многу од натпреварот на Ѓоковиќ затоа што играв „Не лути се, човеку“. Пратев до 4-4 во вториот сет се додека Мусети не го освои тај-брејкот, рече Надал по мечот со Синер и ја збуни тениската јавност за причината што ја наведе, иако Шпанецот не мора да го следи дуелот на играчи со кои наскоро може да вкрсти во полуфиналето на Ролан Гарос.

За разлика од Ѓоковиќ и Мусети, Надал имаше проблеми со Синер само во текот на првиот сет.

Слични содржини