Надал незадоволен од казната за Зверев бара построги санкции

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал во Индијан Велс сака да ја продолжи својата перфектна сезона, а во таа прилика се осврна и на казната што ја доби Александар Зверев.

Откако минатиот месец Германецот беше казнет поради вербален напад на тениски судија, Рафаел Надал повика на построги казни за тениските ѕвезди кои се однесуваат на ист начин.

Зверев беше исфрлен од ждрепката во сингл во Акапулко минатиот месец кога го скрши рекетот на судиското столче по поразот во двојки. Освојувачот на златниот олимписки медал оттогаш доби условна казна од една година без никакви други санкции.

„Имам добар однос со Саша, ми се допаѓа, многу често тренирам со него, па му посакувам се најдобро. А тој знае дека згреши и многу рано го препозна и тоа е позитивна работа. Мораме да се контролираме на теренот, не само во овој случај, имаше и други работи во последните неколку месеци“, вели Надал.

Шпанецот смета дека построги казни ќе ги одврати играчите од ваквото однесување, а тоа јасно го кажа во разговор со медиумите пред неговиот прв натпревар во Индијан Велс.

„Доколку не можеме малку посилно да ги казниме ваквите испади, тогаш ние како играчи ќе се чувствуваме се посилни и посилни. Мораме да бидеме позитивен пример во овој спорт, особено за децата“, изјави Надал.

Слични содржини