Надал: Никогаш не сум скрши рекет, ниту сум се однесувал лудо

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал откри дека практикува јога и медитира со цел подобро да ги контролира своите емоции за време на натпреварите.

Надал во кариерата освои 20 гренд слем титули и е познат како еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Тој сега откри што прави за да остане смирен во најважните моменти за време на натпреварите.

„Вежбам јога, медитирам за да можам да ги контролирам емоциите во решавачки моменти. Секогаш излегувам на терен со позитивен став. Важно е да се одржи самодовербата дури и кога ситуацијата не е идеална“, рече Рафа.

„Сакам да се натпреварувам, но секогаш се контролирам на теренот. Никогаш не скршив рекет, никогаш не се однесував лудо. Мојата филозофија е никогаш да не се откажувам. Истото е кога играм голф или фудбал со моите пријатели“.

Шпанецот истакна дека учел од многу играчи, но дека не копирал ниту еден од нив.

„Како дете тренирав многу, но никогаш не имитирав. Се восхитував на Сампрас и Агаси. Сакав да ги гледам нивните дуели. Научив од Пит како да се биде агресивен, од Агаси тој борбен став. Исто така, Карлос Моја влијаеше многу врз мене“.

Надал наполни 35 години, а оваа сезона имаше повреда на стапалото. На прашањето дали размислува за пензија и што ќе прави кога ќе заврши тенисот еден ден, тој одговори:

„Не размислувам за мојата возраст. Во моментот кога нема да се чувствувам психички и физички подготвен, тогаш ќе се пензионирам. Верувам дека сепак ќе останам во светот на спортот. Имам академија и преку неа ќе останам поврзан со тенисот. Сакам да им помагам на младите. Откако ќе престанам да играм професионален тенис, дефинитивно ќе се посветам повеќе на мојата фондација. Не се плашам од она што ме чека по тенисот“.

Слични содржини