Рафаел Надал за прв пат се обрати до јавноста по операцијата на левата нога.

Надал беше опериран на левата нога, поради што годинава ја заврши сезоната, но Шпанецот е оптимист и сака да се врати на теренот.

„Добро сум, иако малку ме боли ногата. Ова е период што е комплициран и на лично и на професионално ниво. Пред мене е долг процес на опоравување и морам да бидам силен за успешно да се вратам на теренот“, рече шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Надал поради повреда ги пропушти Вимблдон, Олимписките игри и УС Опен, а оваа година нема да се врати на терените.

„Сценариото за оваа сезона не беше да куцам денес. Треба да се приспособиш и да ги прифатиш работите такви какви што се. Отсекогаш сум наоѓал начин да напредувам. Работите се комплицираат со возраста, но јас сум позитивен и среќен за се што имам направено досега“, нагласи Надал.

Слични содржини