Надал по поразот: Не играв долго време, условите беа лоши

од Nikola Popovski

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал изјави дека не го играл својот најдобар тенис во Рим.

Аргентинецот Диего Шварцман го победи Надал по два сета (6: 2, 7: 5) и се пласираше во полуфиналето.

Надал рече не бил на потребното ниво.

„Јас не бев на своето ниво, а тој играше одлично и кога ќе се случи такво нешто, тогаш е реално да се изгуби натпревар. Одиграв два добри натпревари по паузата и сега еден лош натпревар, имав долга пауза и не играв долго време, но нема премногу изговори. Тоа се факти. Беше тешка ноќ за мене. Условите беа лоши. Беше многу влажно и топчето не отскокнуваше како што треба. Тешко ми беше да ја играм својата игра“, изјавил Надал.

Надал има уште една недела да се подготви за Ролан Гарос, кој го има освоено 12 пати.

Отвореното првенство на Франција започнува на 27 септември.

loading...

Слични содржини