Надал повторно подобар од Медведев

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на турнирот во Акапулко со победата над Данил Медведев во два сета – 6:3, 6:3.

По два часа тенис, Русинот не успеа најдобро да ја заврши оваа недела, по која ќе стане првиот тенисер на планетата.

Не успеа да му се реваншира и на Надал за поразот во финалето на Австралија опен пред неколку недели, кога имаше предност од два сета.

Овој пат знаеше дека го чека поподготвен Шпанец и повторно не може да му парира.

Рафа ја забележа 14-тата последователна победа со која ги помести границите за пласман во петтото финале на Акапулко.

Победи, благодарение на тоа што беше совршен во спасувањето на брејк можностите во целиот меч.

Во финалето го чека Камерон Нори, кој во два сета го совлада Стефанос Циципас со 6:4, 6:4.

Слични содржини