Надал пред АТП куп: Сакам да прикажам добри партии на овој турнир

од Vladimir Zorba

Првиот светски рекет Рафаел Надал очекува добар настап на претстојниот АТП Куп како увертира пред Грен слемот Австралија опен.

– Сакам да прикажам добри партии на овој турнир, а потоа ќе имам една недела за завршни подготовки за Австралија опен. Силно ќе тренирам оваа недела. Фокусиран сум на овие мечеви. Ја сос мојот тим даваме се од себе, изјави шпанскиот тенисер.

Шпанија на АТП Купот се наоѓа во Б-групата, во Перт, заедно со репрезентациите на Јапонија, Грузија и на Уругвај.

Турнирот ќе се игра од 3 – 12 јануари во Бризбејн, Перт и Сиднеј.

Слични содржини