Надал разочаран од себе си по мечот со Федерер

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не ги криеше разочарувањата од сопствените перформанси во полуфиналето против Роџер Федерер на „Вимблдон“, кое го загуби со 1:3 во сетови. 33-годишниот играч верува дека пропуштил одлична шанса да стигне до уште еден финиш на турнирот и за тоа, може само да се обвини себеси.

Рафа целеше на освојувањето на 19-тата Гренд-слем титула, што ќе го донесеше на само една од Маестро. Швајцарецот, од своја страна, можеби и да не ја освои својата 21-ва, откако Новак Ѓоковиќ го чека во финалето.

„Бев во можност да играм уште едно Гренд-слем финале. Морам едноставно да прифатам, дека тоа не беше мојот ден“, рече Надал по мечот против Швајцарецот.

„Не играв како што го правев тоа во претходните рунди, а Федерер играше на ниво. Затоа тој заслужи да победи. Тој направи многу работи на одличен начин. Искрено, го немав чувството, што беше присутно во претходните денови“, додаде Рафа.

Слични содржини