Надал: Се борам, но часовникот отчукува и станува посложено

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е решен да ги надмине сите проблеми со повредите и е подготвен да се врати на теренот, но тој посочува дека во доцните денови од кариерата, станува се потешко.

Искусниот играч (35) ја заврши сезоната по операцијата на стапалото и сега треба да се подготви за следната година.

„Добро сум, иако знам за подобри денови. Се уште ме боли ногата. Ова е тежок период за мене. Мојата цел е целосно да се опоравам, свесен дека ќе имам тешки и болни моменти во еден период. Решен сум да ги надминам сите, да се борам за она што го сакам, а тоа е да се вратам на теренот“, изјави Надал.

Откако влезе во втората половина на четвртата деценија од својот живот, периодот на опоравување станува се повеќе и повеќе тежок.

„Имав фантастични моменти во текот на мојата кариера, за кои никогаш не сум ни сонувал дека ќе ги имам. Но, имав и тешки моменти поради повреди, иако секогаш наоѓав начин да се опоравам и да продолжам понатаму. Како што минуваат годините, работите треба да се разберат реално: часовникот отчукува, се станува посложено“.

Во 2020 година, Рафа освои титули во Рим и Барселона. Потоа беше исфрлен во полуфиналето на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ, пред да започнат проблеми со стапалата поради кои ги пропушти Вимблдон, Олимпијадата и УС Опен.

Слични содржини