Надал: Тенисот оди во погрешна насока!

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал, смета дека модерниот тенис оди во погрешна насока, и повикува да се преземе нешто за тоа пред да биде предоцна.

– Во минатото, талентот и тактиката беа многу поважни отколку денес. На спортистите им беше потребен повеќе увид за да се истакнат и да успеат, додека денешниот тенис се базира на различни концепти – рече Надал и продолжи:

– Се уште е можно да се маневрира на глина, но речиси е невозможно на трева и тврди површини. Тенисот станува побрз и побрз и не сум убеден дека тоа е вистинскиот пат.

Рафа верува дека нешто мора да се промени.

– Сервисот е удар што најмногу ги искористи технолошките иновации. Ако не се најде решение наскоро, постои опасност тенисот да стане заложник на тој единствен удар. Мислам дека ситуацијата ќе се влоши во следните десет години – истакна Надал.

Слични содржини