Надал цел живот ќе ги вади шорцевите од задникот: Шпанскиот тенисер страда од ова пореметување

од Aleksandar Petrovski

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал отсекогаш бил познат по бројните ритуали што ги практикува на теренот, а највпечатлив е секако оној кога пред сервисот ги вади гаќичките од задникот.

Еден од најдобрите тенисери на светот, Рафаел Надал, наводно страда од опсесивно-компулсивно нарушување, што може јасно да се заклучи доколку внимателно ги погледнете неговите натпревари.

Суеверието на Рафа меѓу поените и гемовите сериозно ги нервира противниците, но и љубителите на тенисот ширум светот. Шпанецот е одличен тенисер, но факт е дека тој е и роб на своите ритуали.

Надал на секој меч повторува одредени активности, со цел да ја намали напнатоста и да ги отстрани вознемирувачките мисли.

Кога тој излегува на терен, секогаш го прави со десна нога и секогаш го држи рекетот во левата рака.
Столиците и крпите мора да бидат на ниво. Надал, за време на паузите на натпреварите, кога седи на стол, секогаш ја става употребената крпа на десно и ги чисти нозете над колената.

Шишињата се наредени дијагонално во однос на теренот. Става две шишиња совршено дијагонално во линија, потоа го зема првото шише, го отвора и ја пие водата, а потоа ја враќа на идентичното место. Потоа зема друго шише, го отвора и ја пие водата и ја враќа на идентичното место што може да се види затоа што останува трага.

По фрлање паричка, секогаш има спринт до основната линија. Никогаш не ги гази линиите на теренот, освен во игра, а по паузата секогаш станува после противникот …

Доаѓаме до ритуалите поврзани за сервисот – сега дури почнува забавата. Секогаш ја чисти линијата на пред сервисот на земјен терен. Потоа ги повлекува шорцевите од задникот надолу и маицата нагоре. Следното е познато „движење на Надал“: го брише носот, ја става косата зад левото уво (иако секогаш носи марама што ја држи косата), повторно носот, потоа косата зад десното уво …

Надал тврди дека неговите ритуали не се суеверие, туку само „тој сака поредувањето во околината да биде во согласност со редот во неговата глава“.

Што е опсесивно-компулсивно нарушување?

Опсесивно-компулсивно нарушување или скратено ОКБ, најчесто се јавува за време на адолесценцијата заради силно стресно искуство. Започнува со појава на компулсивни мисли, кои едно лице ги ослободува со повторување на некоја акција. Ова ја олеснува тензијата за краток временски период.

Првично, овие дејства се замаскирани, прикриени и малку е веројатно дека некој ќе забележи промена во однесувањето, затоа што човек со ОКП обично се срами од тоа, а особено ја крие природата и содржината на опсесивните мисли, за кои е свесен дека се негови, но да немаат контрола над него.

Со текот на времето, ОКП добива на интензитет, се засилува фреквенцијата и моќта на компулсивни (опсесивни) мисли, а компулсивните активности стануваат посложени и почнуваат да заземаат сè повеќе време, што се меша во неговото нормално функционирање, ја намалува ефикасноста и функционалноста во деловните и приватните и го намалува квалитетот на животот.

Слични содржини