Надал во серија 18:0: „Многу сум среќен што играм тенис“

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал синоќа се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако го совлада Американецот Рајли Опелка со 7:6 (3), 7:6 (5).

Така Надал дојде до скор од 18:0 од почетокот на оваа година.

„Не можам да кажам дека е сон бидејќи не можев ни да сонувам за тоа пред три месеци, пред два месеци. Уживам во секој момент“, изјави Надал по мечот.

„Многу сум среќен што играм тенис. Денеска беше малку потешко од претходните денови. Точно е дека стапалата малку повеќе ме мачат последните денови“, додаде Шпанецот, кој во јуни ќе наполни 36 години.

Надал во четвртфиналето ќе игра против Австралиецот Ник Кирјос, на кого поради болест мечот му го предаде Италијанецот Јаник Синер.

Слични содржини