Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по поразот од Александер Зверев, не беше среќен од прашањето поставено од еден италијански новинар, дали неодамнешната свадба е причина за недоволната концентрација на мечот против Германецот.

На прес конференцијата по мечот меѓу Надал и Зверев во своето прашање новинарот истакнуваше дека свадбата, за време и после прославата знае да одземе многу енергија, на што бурно реагираше светскиот број еден.

– Сериозен си? Ова е сериозно прашање или шега? Изненаден сум од таквото прашање кога веќе 15 години го делам животот со иста девојка. Имам нормален живот и многу стабилен. За мене тоа ништо не менува, имам само прстен. Јас сум само нормален човек. Можеби свадбата за тебе беше стресна – рече Надал, а потоа праша:

„Колку долго сте со сопругата?“ И кога доби одговор 30 години, го продолжи разговорот со новинарот:

„Можеби не си сигурен во себе. Одиме на прашања на шпански јазик, ова е с…е“ – беа зборовите на Рафа.

Слични содржини