Надлежните испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат

од Берта Китинска

Активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД-19 денеска продолжуваат во Липково, а утре во Арачиново.

Со караванот, кој почна на 21 март, а ќе заврши на 3 април, надлежните испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека тоа е единствениот излез од пандемијата.

Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066, бројот на оздравени пациенти е 293.819, на починати е 9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041.

Слични содржини