Нафтата ја завршува турбулентната 2022 година со втор годишен раст на цената

од Radmila Tasevska

Цените на нафтата се на пат да ја завршат турбулентната 2022 година, обележана со стесната понуда поради војната во Украина и слабеењето на побарувачката во Кина, најголемиот светски увозник на нафта, со втор последователен годишен пораст.

Остриот пораст на цената на овој енергетски производ започна веднаш по избувнувањето на војната во Украина поради стравот од намалување на испораките, при што глобалната референтна нафта од типот брент достигна ниво од 139,13 долари за барел во март, што е највисоко од 2008 година.

Цените „заладија“ во втората половина на 2022 година поради загриженоста за потенцијална глобална рецесија.

Слични содржини