Нафтата „Брент“ надмина 80 долари за барел

од Vladimir Zorba

Северноморската нафта „Брент“ во вторникот наутро надмина 80 долари за барел, додека американската сурова нафта „ВТИ“ (West Texas Intermediate) истовремено се тргуваше по повеќе од 76 долари за барел.

Непосредно пред зимската сезона, недостатокот на природен гас во Европа создаде ефект на лавина на глобалните пазари на енергија, наведува OilPrice. Ниските резерви на гас во Европа сега се прелеваат во цените на нафтата, природниот гас и јагленот низ целиот свет, без навестување за брзо решение или знаци за голема краткорочна корекција.

Глобалниот пад на производството на гас, заедно со сложените напори на Кина да го намали загадувањето од тешката индустрија, се очекува да ги наруши фабричките активности, додека многу домаќинства на северот од земјата останаа без електрична енергија, пренесе „ФТ“.

Кинеските производители на енергија се бореа со големиот пад на производството, поради што цената на термалниот јаглен во Кина се зголеми за 96 проценти оваа година.

За прв пат во последните три години, цената на нафтата од типот Брент ја надмина цената од 80 долари за барел, а два последователни дена, нејзината вредност е на тригодишен максимум.

Слични содржини