Нагелсман: Кејн е многу скап, но ќе видиме

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман ги подгреа шпекулациите дека Хари Кејн би можел да премине во Баерн Минхен. Тој не ја негираше таквата можност на прашањето за капитенот на Англија.

Вчера „Билд“ напиша дека Баварците сакаат да го привлечат Кејн следното лето и веќе разговарале со претставниците на напаѓачот на Тотенхем.

„Тој е многу скап, тоа е проблемот, но тој е фантастичен играч. Еден од ретките кој може да игра како центарфор и како број 10. Многу силен, брилијантен со глава и со двете нозе. Секако дека би постигнал многу во Бундеслигата. Не знам која е неговата цена, но на Баерн му е тешко. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, прокоментира Нагелсман.

Кејн има договор со Тотенхем до 2024. Минатото лето сакаше да замине, но клубот не му дозволи да премине во Манчестер Сити. По доаѓањето на Антонио Конте, напаѓачот се чини дека се чувствува многу поудобно бидејќи ја гледа можноста тимот да се бори за трофеи во блиска иднина, но како ќе се одвива оваа сезона може да ја одреди неговата иднина.

Баерн сака да потпише квалитетна замена за Роберт Левадовски, кој се пресели во Барселона. Клубот направи бум со потписот на Садио Мане од Ливерпул, но сака да има и типичен центарфор.

Неодамна, извршниот директор на Баварците, Оливер Кан исто така го пофали Кејн, опишувајќи го како „сон за иднината“.

Слични содржини